24фудбал

Манчестер јунајтед ќе го искористи Лингард за да го добие Санчо

Весникот „Сан“ пишува дека Манчестер јунајтед сака да го понуди Лингард на Борусија Дортмунд со цел да ја намали сумата која треба да ја плати за Санчо.

Англија

Манчестер јунајтед не успеа да го ангажира Санчо минатото лесто, но Борусија Дортмунд вети дека ќе го продаде по крајот од сезоната доколку за него пристигне сериозна понуда.

Санчо во вчерашното финале од купот постигна два гола и имаше една асистенција, па неговата цена сигурно нема да биде ниска иако нема да ги достигне тие 120 милиони евра од минатото лето.

Манчестер јунајтед е подготвен да го понуди Лингард на Борусија Дортмунд за да ја намали цената на Санчо.

Лингард има уште една година од договорот со Манчестер јунајтед, а клубот го проценува на околу 25 милиони евра.

Лингард има одлична полусезона во Вест Хем каде игра како позајмен фудбалер. Во 13 натпревари постигна девет голови.