24фудбал

Халанд го понижи Упамекано, Дортмунд го крена трофејот во Купот на Германија (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд со 4-1 го победи Лајпциг во финалето од германскиот куп и со трофеј ја завршува сезоната, Халанд уште еднаш покажа колку е моќен.

Германија

Борусија Дортмунд одигра перфектен меч во финалето против Лајпциг и дојде до трофејот.

Голот кој посебно треба да се издвои е тој на Халанд во 28. минута кога зголеми на 2-0. Напаѓачот на Дортмунд покажа физичка доминација и интелегенција со која го легна на земја Упамекано, новиот дефанзивец на Баерн, и ја пласираше топката во мрежата на Лајпциг.


Халанд до крајот на мечот постигна уште еден погодок, а преостанатите два гола беа дело на Санчо. Единствениот погодок за Лајпциг го даде Олмо.