24фудбал

Убедлива победа на Реал Мадрид, кралевите ја сочуваа надежта за титулата (ВИДЕО)

Реал Мадрид синоќа одигра одлично на гостувањето кај Гранада и победи со убедливи 4-1 со што ги задржа шансите за титулата во Примера.

Шпанија

Резултатот го отвори Модриќ во 17. минута, до крајот на полувремето Родриго зголеми на 2-0, а во вториот дел погодоци постигнаа Одриозола и Бензема.

На две кола до крајот Реал Мадрид е на второто место со 78 бодови, Атлетико Мадрид е прв со 80, а Барселона е трета со 76.

Во следното коло Реал Мадрид му гостува на Атлетик Билбао, а во последното го пречекува Виљареал.