24фудбал

Навивачите на Манчестер јунајтед го блокираа автобусот на Ливерпул и му ги издишија гумите (ФОТО)

Навивачите на Манчестер јунајтед блокираа автобус со клупските обележја на Ливерпул и му ги издишаа гумите, но медиумите пишуваат дека автобусот бил празен и во него не биле фудбалерите.

Англија

Навивачите на Манчестер јунајтед и денеска излегоа на протест, во голем број се собираат пред Олд Трафорд но и се обидуваат да го саботираат дербито против Ливерпул со блокирање на автобусите.

Група фанови успеаја да блокираат автобус со клупските обележја на Ливерпул и да му ги издришат гумите. Откако реагираше полицијата, автобусот продолжи да се движи, но медиумите пишуваат дека тој бил празен и во него не биле фудбалерите.

Исто така се пишува дека фудбалерите на Манчестер јунајтед многу порано од нормалното пристигнале на Олд Трафорд за да избегнат ваква саботажа. Претходно се најавуваше дека „ѓаволите“ ќе постават автобуси пред неколку хотели и ќе ги користат како мамки да ги збунат навивачите.

Останува да се види како ќе прогресираат протестите и дали вечерва ќе има фудбал.