24фудбал

Лаутаро и Конте ставија ракавици и влегоа во ринг на бокс меч (ВИДЕО)

Антонио Конте и Лаутаро Мартинез на оргинален и интересен начин решија да стават крај на контроверзијата, ставија ракавици и влегоа во импровизиран ринг на бокс меч.

Италија

Лаутаро Мартинез и Антонио Конте синоќа имаа мала епизода крај аут линијата, но се чини дека сето ова е минато.

Аргентинецот веднаш се извинил и прифатил да подготви јадење за целиот тим на денешната скара во тренинг центарот. Попладнево двајцата на огринален и интересен начин решија да стават крај на контроверзијата.

Лаутаро и Конте ставија ракавици и влегоа во импровизиран ринг на бокс меч. Ромелу Лукаку беше задолжен за најавата на борбата додека останатиот дел од тимот добро се забавуваше.