24фудбал

Пандев по обезбедниот опстанок со Џенова: Година полна со емоции... сега е време за ЕП со Македонија

Горан Пандев се огласи на социјалните мрежи откако Џенова обезбеди опстанок во Серија A, Македонецот им се заблaгодари на навивачите и сите во клубот за годината полна со емоции.

Италија

Џенова синоќа со 0-2 славеше на гостувањето кај Болоња и стигна до три бода со кои и математички обезбеди опстанок во Серија А.

Ова беше повод Горан Пандев да се огласи на социјалните мрежи и да се заблагодари за годината полна со емоции.

„Година полна со емоции за сите во Џенова и за мене. Опстанок, 100 погодока во Серија А, 150 настапи во Серија А во дресот на најстариот клуб во Италија. Би сакал да можев да прославам со вас фановите, но и без тоа сакам да ви се заблагодарам за поддршката. Сакам да му се заблагодарам на клубот, на соиграчите и сиот персонал. Сега фокусот е кон финишот од сезоната а потоа е време за ЕВРО 2020 со Македонија. Форца Џенова, се надевам дека во брзо време ќе можам да ве поздравам како што доликува сите на стадионот!“ - гласеше постот на Горан Пандев.

Напаѓачот најави пензија по крајот на Европското првенство, но последните информации велат дека тој може да се предомисли и да одигра уште една година во Џенова.