24фудбал

Помала плата и договор на две години, Агуеро и Барса си подале рака

Според пишувањата на Спорт, Барселона и Кун Агуеро начелно постигнале договор за преселба на Аргентинецот на Камп Ноу, се работи за двегодишна соработка.

Шпанија

Кун Агуеро од 1. јули ќе биде фудбалер на Барселона. Весникот Спорт пренесе дека агентот на фудбалерот и директорите на Барселона начелно постигнале договор за преселба на Аргентинецот на Камп Ноу.

Се работи за двегодишна соработка а Кун Агуеро ќе има помала плата од онаа што сега ја заработува во Манчестер Сити.

Напаѓачот решил да се откаже од неколку милиони и да ги прифати условите кои на маса ги ставил Жоан Лапорта само за да игра со својот добар пријател Лео Меси.