24фудбал

Лаутаро им се извинил на Конте и соиграчите, денес ќе прави скара за целиот тим

Лаутаро Мартинез им се извинил на Антонио Конте и соиграчите за испадот на синоќешниот дуел против Рома, Аргентинецот ќе прави скара за целиот тим.

Италија

Лаутаро Мартинез беше лут на одлуката на Антонио Конте да го повлече од игра против Рома, па кога излезе, нервозно шутна едно шише со вода.

Антонио Конте покажа дека не толирира вакво однесување и веднаш му испрати порака на напаѓачот.

Според пишувањето на Газета дело Спорт, инцидентот е веќе минато, Лаутаро Мартинез веднаш им се извинил на Антонио Конте и соиграчите и атмосферата во тимот не е нарушена.

По крајот на денешниот тренинг, договорена е скара во тренинг центарот, а Лаутаро Мартинез се пријавил да го врти месото и да подготви ручек за целиот тим.