24фудбал

Финалето од Лигата на шампиони ќе се игра во Порто, Челси и Манчестер Сити ќе добијат по 6.000 билети

УЕФА попладнево потврди дека „Драгао“ стадионот во Порто ќе биде домаќин на финалето од Лигата на шампиони, Челси и Манчестер Сити ќе добијат по 6.000 билети.

Лига на Шампиони

Истанбул втора година по ред остана без организација на завршницата од најелитното европско натпреварување. Плановите беа пореметени откако Велика Британија ја стави Турција на црвената листа поради големиот број на случаи на ковид-19.

УЕФА потоа преговараше финалето да се игра во Англија, но откако не успеа да најде заеднички јазик со владата на Велика Британија, попладнево пристигна соопштение дека Порто ја добил организацијата.

Челси и Манчестер Сити ќе ги одмерат силите на „Драгао“ стадионот на 29. мај. Двата клуба ќе добијат по 6.000 билети а во следните денови ќе се дефинира точната бројка на навивачи кои ќе присуствуваат на трибините, а со тоа и бројот на билети кои ќе бидат пуштени во слободна продажба.