24фудбал

Мајката на Кристијано Роналдо: Ќе одам во Торино и ќе го убедам да се врати во Спортинг

Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро при прославата на титулата на Спортинг рече дека ќе го убеди својот син да се врати на „Алваладе“ и тоа веќе следната сезона.

Италија

Спортинг Лисабон оваа недела ја прекина низата без титула и по 19 години стана шампион на Португалија.

Мечот против Боависта во вториникот се гледаше и во домот на Кристијано Роналдо во Мадеира, каде неговата мајка со пријателите ја прославија титулата на „лавовите“.

Медиумите успеаја да дојдат до кратка изјава од Долорес Авеиро, кој само ги подгреа шпекулациите за враќање на ЦР7 во Спортинг.

„Ќе одам во Торино и ќе разговарам со него. Следната сезона ќе игра на „Алваладе“, ќе го убедам да се врати“ – рече мајката на напаѓачот.

Медиумите веќе најавија можно враќање на Кристијано Роналдво во Спортинг, се пишуваше дека тој ќе ја одработи последната година од договорот со Јувентус и во 2022 одново ќе го облече „зелено-белиот“ дрес.