24фудбал

Лапорта го купува Халанд за да го убеди Меси дека проектот на Барса е амбициозен, ќе му бидат потребни најмалку 125 милиони

Според пишувањата на Спорт, Ерлинг Халанд е желба број 1 на Жоан Лапорта, претседателот на Барселона верува дека со ангажман на напаѓачот ќе го убеди Лео Меси дека проектот е амбициозен.

Шпанија

Барселона со сите сили ќе тргне по потписот на Ерлинг Халанд, ова денеска го објави весникот Спорт. Норвежанецот треба да биде големата ѕвезда на новиот проект и звучното име кое ќе го убеди Лео Меси дека „каталонците“ ќе имаат највисоки амбиции следната сезона.

Веќе е остварен контакт со агентот Мино Рајола и таткото на фудбалерот и се поставени темели за реализирање на зделката. Жоан Лапорта ги склопува финансиите и знае дека ќе му бидат потребни најмалку 125 милиони евра.

Борусија Дортмунд во неколку наврати порача дека Ерлинг Халанд нема да биде продаден летово, но во Барса веуваат дека ова е само стратегија за да се зголеми цената на напаѓачот.

Покрај Ерлинг Халанд, кој е желба број 1 на Жоан Лапорта, се очекува пристигнување на Ерик Гарсија и Кун Агуеро од Манчестер Сити како и уште неколку други имиња.