24фудбал

Лампард се враќа на работа, ќе води друг лондонски клуб?

Френк Лампард е без работа откако доби отказ од Челси во јануари, се појавуваат шпекулации дека има понуда од Кристал Палас.

Англија

Според „Телеграф“, Френк Лампард е главен фаворит за наследник на Рој Хоџсон на тренерската позиција во Кристал Палас.

Договорот на Хоџсон со Кристал Палас истекува по крајот на оваа година, но нема понуда за нов, па се очекува двете страни да се разделат.

Кристал Палас сака да проба со нов тренер, и Лампард е нивната прва опција.

Се верува дека Лампард сака да ја продолжи тренерската кариера во Англија, па голема е веројатноста да прифати понуда од Крстал Палас.