24фудбал

Челси играше, Арсенал победи (ВИДЕО)

Арсенал со 1-0 го победи Челси на Стемфорд Бриџ во лондонското дерби, тимот на Томас Тухел доминираше во целиот тек на мечот, но доживеа пораз.

Англија

Арсенал забележа победа која го остава во трка за местата кои водат во Европа, ова е пораз за Челси кој нема многу да боли.

Клучниот момент се случи во 16. минута кога по една грешка на Жоржињо, Арсенал дојде во водство со гол на Смит Роу.

Челси доминираше во текот на целиот меч, создаде многу шанси за гол, во финишот во една иста акција двапати ја погоди пречката од голот на Арсенал, но топката никако не сакаше да влезе.