24фудбал

Интер во необични дресови го доби дербито против Рома (ВИДЕО)

Интер со 3-1 ја победи Рома и покажа зошто е шампион на Италија, нероазурите на овој меч играа со нова, четврта варијатна на дресови за оваа сезона.

Италија

Интер по 20 минути игра веќе имаше водство од 2-0 со голови на Брозовиќ и Весино, двата постигнати по убави акции.

Во 31. минута Мхитарјан го намали водството на 2-1, а во 90. минута Лукаку ги постави конечните 3-1.

Она што падна во очи од овој натпревар се необичните, шарени дресови кои ги носеа фудбалерите на Интер. Тоа беше четврта варијанта за оваа сезона.

Горан Пандев одигра 70. минути за Џенова која со 2-0 победи на гостувањето во Болоња и официјално обезбеди опстанок. Запакоста и Скамака беа стрелци на погодоците.

Аталанта со 2-0 го победи Беневенто, Лацио со гол на Имобиле во 95. минута дојде до триумф над Парма.

Сампдорија и Специја одиграа 2-2, а немаше погодоци на дуелот меѓу Каљари и Фиорентина.