24фудбал

Милан за четири дена даде 10 гола во Торино! (ВИДЕО)

Милан победи на гостувањето кај Торино со неверојатни 7-0, овој триумф следува по победата над Јувентус од 3-0, росонерите овие денови се во страшна форма.

Италија

Торино е градот каде Милан буквално распука во овие четири дена. Најпрво настрада Јувентус кој прими три гола, а сега Торино кој дури седум пати ја вадеше топката од мрежата.

Серијата погодоци ја отвори Тео Ернандез во 19. минута, а седум минути подоцна Кеси погоди од пенал за 2-0. Со тој резултат се отиде на одморот.

Во второто полувреме Диаз зголеми на 3-0, па Тео Ернандез со својот втор гол на мечот погоди за 4-0. Потоа следуваше гол-шоу на Анте Ребиќ кој постигна хет-трик за конечни 7-0.