24фудбал

Чедомир Јаневски дел од стручниот штаб на Јужна Африка

Македонскиот фудбалски стратег ќе му биде помошник на селекторот на Јужна Африка, Хуго Брос, а во моментов бележи одлични резултати на Кипар каде го предводи кормилото на Олимпијакос од Никозија.

Македонија

Поранешниот селектор на нашата најдобра фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски ќе му биде прв помошник на новиот селектор на Јужна Африка, Хуго Брос, а тоа го потврди и самиот Белгиец кој нагласи дека нема да има никаков проблем со комуникацијата, а детално го опиша својот соработник.

Мојот белгиски асистент не е тука во моментов бидејќи се уште работи на Кипар, тој остана во тимот бидејќи идната недела го очекува финале во купот, потоа ќе биде тука и ќе ми биде на располагање за претстојните два натпревари во јуни“ изјави Брос кој потпиша петгодишен договор со Јужна Африка.

Неговото име е Чедо Јаневски, тој е од Македонија но живееше 25 или 30 години во Белгија, настапуваше за Бриж, неговата сопруга е Белгијка, така тој е Белгиец, говори англиски, француски, како и холандски јазик, со тоа не би имало никаков проблем околу комуникацијата“ додаде новиот селектор на „Бофана Бофана“.

Со Јаневски се познаваме долго време, среќен сум што е постигнат договор со него, од тоа што го знам ќе ни се приклучи од идната седмица“ подвлече Брос.