24фудбал

Клоп во одбрана на Солшер: Три меча во пет дена? Тоа е криминал

На Ливерпул очајно му е потребна победа на гостувањето на „Олд Трафорд“ за да ги сочува шансите за пласман во Лигата на шампионите за идната сезона.

Англија

Утревечер со почеток од 21,15 часот се игра големото дерби во Премиерлигата каде силите ќе ги одмерат Манчестер јунајтед и Ливерпул, а дербито се одложи од претходно поради протестите на навивачите на „Црвените ѓаволи“ поради инволвираноста на клубот во т.н. Европска Супер Лига.

Дербито се одложи, меѓутоа на Манчестер јунајтед му донесе еден доста бурен распоред каде беше предвидено да одигра три меча во само пет денови, па Оле Гунар Солшер беше приморан против Лестер на теренот да излезе со втор состав, а тоа на крајот донесе пораз од 1-2, меѓутоа и критики од дел од јавноста која таквиот потег го карактеризираше како непочитување на противникот.

Како и да е, во пресрет на големото дерби, Јирген Клоп јавно застана во одбрана на својот ривал од спротивниот табор, тврдејќи дека и тој да е во слична ситуација би го сторил истото.

Тие играа во неделата, нивната програма на натпревари гласи недела – вторник – четврток, јас веќе 500 пати нагласив дека и покрај сешто се случи, односно протестите кои го одложија и презакажаа дербито, да се игра недела – вторник – четврток е криминал“ посочи Клоп.

Меѓутоа, тоа не е вина на Солшер и фудбалерите, прашањето кое си го поставував гласеше дали јас би го сторил истото што тој го стори? Да, едноставно морате така да постапите, друг избор немате“ додаде германскиот фудбалски стратег.

Ние сме веќе во завршниот дел од сезоната, а фудбалерите одиграа многу натпревари, Манчестер јунајтед се пласираше во финалето од Лига Европа, тоа значи дека имале премногу натпревари, а вие им давате програма со натпревари недела – вторник – четврток, тоа не е можно...“ заклучи предводникот на Ливерпул.