24фудбал

Чурлинов во идеалниот тим на Европа за играчи до 21 година (ФОТО)

Големо признание за нашиот младински репрезентативец кој иако одигра само 26 минути на последниот меч се најде во идеалниот тим во Европа за фудбалери до 21 годишна возраст.

Македонија

Изминатиот викенд Штутгарт славеше со 2-1 на домашен терен против Аугзбург во редовното 32 коло од германската Бундеслига, а тоа што нам не радува е секако изданието на нашиот интернационалец Дарко Чурлинов.

Чурлинов во игра на мечот влезе во 64 минута, а му беа потребни само десет минути за да асистира во голот за победа, кој инаку го постигна Калајџиќ, па така Македонецот си доби и големо признание за својот настап.

20 годишниот офанзивец се најде во изборот на популарниот фудбалски портал „WhoScored како дел од тимот на колото во петте најдобри фудбалски лиги во Европа за фудбалери до 21 годишна возраст.