24фудбал

УЕФА го зголеми притисокот, официјално отвори постапка против Реал, Барса и Јувентус

Европската куќа на фудбалот го зголеми притисокот врз Реал Мадрид, Барселона и Јувентус откако официјално отвори дисциплинска постапка, медиумите шпекулираат дека на клубовите им се заканува забрана за настап во Лигата на шампиони од две години.

Лига на Шампиони

УЕФА и Александар Чеферин најавија дека нема да им погледаат низ прсти на клубовите кои се обидоа да формираат Суперлига. Оние кои се пишманија и се повлекоа од проектот (Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Челси, Тотнем, Ливерпул, Арсенал, Интер, Милан и Атлетико Мадрид) постигнаа договор за казната, која е минимална.

Но Реал Мадрид, Барселона и Јувентус одбиваат да се спогодат, ниту пак да го напуштат проектот за Суперлига. Притисокот врз овие клубови сега се зголемува откако УЕФА и официјално отвори постапка.

„Во согласност со членот 31 (4) од дисциплинските правила на УЕФА, истражителите при етичката и дисциплинска комисија на УЕФА денеска добија задача да истражат можно кршење на правилата од страна на Реал Мадрид, Барселона и Јувентус со таканаречениот проект Суперлига“ - се вели во соопштението.

Александар Чеферин најви дека ќе биде особено строг за оние кои се уште веруваат во проектот а според пишувањата на медиумите, на Реал, Барса и Јувентус им се заканува забрана за настап во Лигата на шампиони од две години.