24фудбал

Мане: Ова е најлошата сезона во мојата кариера

Сенегалецот не го крие големото разочарување од сезоната која во Ливерпул веројатно сакаат што е можно побрзо да ја заборават, а под знак прашалник е пласманот во Лигата на шампионите за идната сезона.

Англија

Ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане вели дека актуелната сезона е најлошата во неговата кариера, а Сенегалецот се надева дека моменталната ситуација за „Редсите“ ќе биде надмината со текот на времето.

29 годишниот офанзивец вели дека не е во можност да го идентификува проблемот во тимот на „Редсите“ кои се далеку од тоа што беа ланската сезона кога дојдоа до првата титула во Премиерлигата по пауза од цели 30 години, но сезонава се мачат да изборат место во Лигата на шампионите за идната сезона.

Ова е најлошата сезона во мојата кариера, морам да го признаам ова“ изјави Мане.

Доколку ме прашате што е погрешно во моментов, верувајте дека ќе се намачам за да ви дадам одговор, лично немам одговор на тоа прашање, не знам...“ додаде тој.

Секогаш се трудев да бидам позитивен, без разлика на тоа дали работите се движат во позитивен, или негативен правец, јас дури се ставив и на посебен тест за да направам проценка на телото, дали правилно се хранам, дали треба нешто да променам, меѓутоа резултатите беа одлични, веројатно потребно е само да разбереме дека постојат подеми и падови“ заклучи Сенегалецот кој сезонава во Премиерлигата постигна девет погодоци, а запиша исто толку и асистенции.