24фудбал

Агентот на Бејл ја посочи најголемата грешка на Мурињо со Велшанецот во Тотнем

Герет Бејл се врати во Тотнем, но на позајмица од Реал Мадрид, истата му истекува претстојново лето, а се уште не е извесно што понатаму, меѓутоа, постојат сигнали дека Велшанецот би можел да продолжи на Островот.

Англија

Агентот на Герет Бејл, Џонатан Барнет открива дека лично го посоветувал Жозе Мурињо како да го извлече најдоброто од неговиот клиент во Тотнем, меѓутоа агентот одбива да го обвини веќе екс тренерот на „Спарси“ за променливата форма на фудбалерот.

Како што им кажав во клубот уште на почетокот, доколку му дадете можност да трча на теренот, имајте доверба во него, дозволете му да ја игра сопствената игра, не му кажувајте дека треба да прави одредени работи на теренот, третирајте го како Лионел Меси или Кристијано Роналдо“ изјави Барнет.

Веќе се докажа дека секој момент кога тој ќе биде препуштен сам на себе, постигнува многу голови, тоа беше најголемата грешка досега со него“ додаде агентот, кој притоа беше запрашан и дали го обвинува Мурињо за променливата форма на неговиот клиент.

Не би го сторил тоа, тој е премногу успешен тренер“ нагласи Барнет.

Кога сме веќе кај Бејл, вреди да се додаде и дека се уште е неизвесна неговата иднина, а се шпекулира дека би можел да продолжи и на втора сезона како позајмен во дресот на „Спарси“.