24фудбал

Лидс ќе го менува Алиоски со играчот кој изминатиов викенд крена голема прашина во Хрватска?

Лидс се подготвува за заминување на Езгјан Алиоски, „белите“ сакаат да го ангажираат Борна Соса, кој изминатиов викенд крена голема прашина во Хрватска откако доби германски пасош.

Англија

Езгјан Алиоски ги одработува последните месеци од договорот со Лидс, никако да пристигне информација дека Македонецот ќе ја продолжи верноста и често се пишува дека тој веќе се има договорено со Галатасарај и кариерата ќе ја продолжи во Турција.

Се чини дека и „белите“ се подготвуваат за негово заминување, последните информации велат дека тимот на Бјелса сака да го купи Борна Соса.

23 годишниот лев бек изминатиов викенд крена голема прашина во Хрватска откако беше објавено дека добил германски пасош и планира во иднина да игра за „панцерите“.

Медиумите од Хрватска сега пренесуваат дека Борна Соса нема право да игра за Германија, и не само тоа, намерата никогаш не му била да го облече дресот на оваа земја, Тој само сакал да извади германски пасош за да може да направи богат трансфер во Премиерлигата, Лидс е подготвен да плати 20 милиони евра за неговите услуги.