24фудбал

Владата се предомисли, спортските натпревари ќе продолжат да се играат без публика

Иако министерот за здравство, Венко Филипче синоќа најави дека ќе биде дозволено присуство на публика на спортските натпревари во ограничен процент, сепак таквата одлука денеска не беше донесена на владината седница.

Македонија

Навивачите ќе почекаат за повторно да влезат во спортските сали и на стадионите, владата на денешната седнца не ја донесе одлуката која ја најави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој синоќа рече дека во сетот на мерки за олабавување на рестрикциите е и одлука за присуство на публика на спортски натпревари. Сепак таа одлука ќе почека некои други времиња.

„Како дел од овие мерки е и одлуката дека сите настани и други слични јавни активности (културни, научни и забавни) може да продолжат да се одржуваат согласно наменските протоколи до 30 % исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50% исполнетост на отворените простори. Спортските настани и понатаму се организираат без физичко на присуство на публика“, стои во соопштението на Владата.