24фудбал

ПСЖ му ветил на Нејмар ангажман на звучни имиња, на листата со желби се Меси, Рамос и Роналдо

Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи му ветил на Нејмар амбициозен проект, „светците“ ќе се обидат да ги ангажираат најдобрите играчи во светот како Лео Меси, Серхио Рамос и Кристијано Роналдо.

Франција

По многу шпекулации за иднината на Нејмар, минатата недела беа решени сите дилеми, Бразилецот стави потпис на нов договор до јуни 2025 година.

Покрај платата од 30 милиони евра, која тешко ќе ја добиеше на друго место во време на финансиска криза предизвикана од пандемијата на ковид-19, напаѓачот добил и одредени ветувања околу настапот на трансфер пазарот.

Првиот човек Насер Ал Келаифи му гарантирал на Нејмар амбициозен проект, „светците“ ќе се обидат да ги ангажираат најдобрите играчи во светот и ќе достават понуди до Лео Меси, Серхио Рамос и Кристијано Роналдо.

Лео Меси и Серхио Рамос ги одработуваат последните месеци од договорите со Барса односно Реал, и лесно може да се случи летоска да започнат нова авантура.

Кристијано Роналдо пак има уште година дена од договорот со Јувентус, но подолго време се говори за негово заминување, особено доколку „старата дама“ не обезбеди настап во Лигата на шампиони.