24фудбал

Роналдо го заборави поразот од Милан со прошетка во Маранело и купување ново Ферари (ФОТО)

Кристијано Роналдо синоќа доби специјална тура во фабриката на Ферари во Маранело, медиумите од Италија пренесуваат дека Португалецот ја искористил приликата да си купи нов луксузен автомобил.

Италија

Јувентус во неделата загуби дома од Милан со 0-3 и ризикува да остане без настап во Лигата на шампионите. Притисокот врз „старата дама“ е огромен, па Кристијано Роналдо реши малку да се релаксира со прошетка во Маранело.

Португалецот и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели беа во посета на фабриката на Ферари и специјални гости на Џон Елкан, првиот човек на Ексор, компанијата која ги поседува Јувентус и Ферари.

Кристијано Роналдо од прва рака дозна како се произведуваат луксузните автомобили, а според Калчомеркато, напаѓачот ја искористил оваа прилика да си купи ново Ферари.

На крајот од специјалната тура, ЦР7 се сретна и со Формула 1 возачите Шарл Леклер и Карлос Саинц и заедно позираа пред болидот на Ферари.