24фудбал

Манчестер јунајтед без Мегваер во финалето од ЛЕ против Виљареал?

Според зборовите на Солшер, рано е да се прецизира, но самиот норвешки фудбалски стратег јасно наведе дека постои неизвесност околу тоа дали Мегваер ќе биде подготвен за финалето со Виљареал.

Лига Европа

Шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер изјави дека повредата на стоперот и капитен на „Црвените ѓаволи“, Хари Мегваер може да го оддалечи фудбалерот од терените неколку седмици.

Мегваер го делеа минути за да стане првиот фудбалер во клупската историја на Манчестер јунајтед кој комплетирал 72 меча во низа во Премиерлигата, што секако е големо достигнување, меѓутоа до тоа не дојде.

Се надевам дека ќе биде подготвен за настап во финалето од Лига Европа, меѓутоа не можам да потврдам ништо во овие моменти, ќе треба добро да ја следиме неговата состојба, тој би можел да отсуствува неколку седмици, па дури и месец“ рече Солшер кој го пофали својот фудбалер за досегашните изданија, додавајќи дека станува збор за добро подготвен фудбалер од физички аспект.

28 годишниот Мегваер се повреди по еден судир со Ел Гази на мечот кај Астон Вила каде „Црвените ѓаволи“ славеа со пресврт од 1-3, односно падна доста незгодно на теренот, а сето тоа донесе извиткување на глуждот, па со тоа, сега е неизвесен и за финалната пресметка против Виљареал во Лига Европа предвидена да се одигра на 26 мај.