24фудбал

Готово е, Кавани останува во Манчестер јунајтед

Единсон Кавани веќе ставил потпис на нов договор со Манчестер јунајтед, наскоро клубот и официјално ќе го потврди неговото останување.

Англија

Кавани и Манчестер јунајтед си подале рака. По неговата одлична форма, Солшер инсистираше на негово останување, а раководството успеа да го убеди и да ја продолжат соработката.

Новиот договор на Кавани ќе биде на уште една сезона, до јуни 2022 година. А потоа тој ќе одлучи дали да го продолжи за уште една.

Бока јуниорс му нудеше двегодишен договор, но Кавани одлучи да остане барем уште една сезона во Европа, а потоа да се пресели во аргентинскиот клуб ако понудата од нив се уште биде на маса.