24фудбал

Вардар испадна во Втора лига, Струга ТЛ се качи на третата позиција

Вардар од денеска и официјално е испаднат во Втората лига, црвено-црните кои имаа голем финансиски проблеми, не успеаа да изборат опстанок, денеска загубија од Струга Трим Лум која се качи на третото место на табелата.

Македонија

Вардар не успеа да се спаси, во следната сезона ќе настапува во Втората фудбалска лига. Денеска загуби на гостувањето кај Струга Трим Лум со 1-0 и официјално го загуби прволигашкиот статус.

Марјан Алтипармаковски во 67. минута ја донесе победата на Струга со која тие се качија на третата позиција на табелата која води во Европа.

Тие ја поминаа Македонија Ѓорче Петров која денеска на свој терен загуби од Шкендија со 4-3.

Шкендија имаше одличен старт, по 15 минути игра водеше со 2-0 со голови на Ибраими, но Македонија ЃП со погодоци на Фазли и Да Силва успеа да израмни и со 2-2 се замина на одморот.

Елези во 51. минута донесе ново водство за Шкендија, но Божиновски во 84. изедначи на 3-3. Сепак Алими во 91. минута донесе триумф на Шкендија од 4-3.

Работнички со 3-1 го совлада Силекс, Марио Станковски, Тодоровски Ѓурѓевиќ ги постигнаа головите за Работнички, Силекс имаше водство со погодокот на Игнатов Шхтерев.

Академија Пандев со погодоци на Паноски и Крстовски рано во првото полувреме ја победи Беласица со 2-0.

Борец со голови на Мишов и Баша ја победи Ренова со 2-0.

Немаше голови на дуелот меѓу Шкупи и Пелистер.

Табела:

1. Шкендија 74

2. Шкупи 58

3. Струга ТЛ 54

4. Македонија ЃП 52

5. Работнички 47

6. Пелистер 42

7. Борец 40

8. Академија Пандев 38

9. Силекс 36

10. Ренова 35

11. Вардар 31

17. Беласица 17