24фудбал

Уште колку голови му се потребни на Левандовски да го стигне рекордот на Герд Милер стар 50 години?

Роберт Левандовски синоќа постигна хет-трик против Борусија Менхенгладбах и направи значаен исчекор кон рекордот на Герд Милер кој во сезоната 1971/72 постигна 40 погодоци во Бундеслигата.

Германија

Роберт Левандовски е многу блиску до испишување нова историја во Бундеслигата, Полјакот синоќа три пати ја тресеше мрежата на Борусија Менхенгладбах во победата од 6-0, па сега сериозно атакува на рекордот на Герд Милер.

Популарниот „бомбардер“ во сезоната 1971/72 постигна 40 погодоци во Бундеслигата, најмногу во една сезона и рекорд кој изгледаше недостижен.

Но речиси 50 години подоцна, Роберт Левандовски е на прагот до овој успех, напаѓачот на Баерн Минхен со синоќешните три погодоци стигна до бројката од 39 погодоци оваа сезона и има два натпревари за нова историја.

„Ќе продолжам да притискам на педалата за гас. Благодарен сум им на соиграчите што постојано ме снабдуваат со шанси за гол“ – рече Роберт Левандовски по крајот на натпреварот со Борусија Менхенгладбах.