24фудбал

Како не треба да се изведе пенал: Агуеро се избрука за сите пари со „паненка“ (ВИДЕО)

Кун Агуеро ги игра последните натпревари во дресот на Манчестер Сити, Аргентинецот попладнево против Челси сакаше да се прослави со „паненка“ но на крајот се избрука за сите пари.

Англија

Манчестер Сити можеше на пауза да замине со 2-0 против Челси, по голот на Стерлинг за водство, во финишот од првиот дел беше досудена најстрога казна.

Кун Агуеро, кој ги игра последните натпревари во дресот на Манчестер Сити, ја превзеде одговорноста, Аргентинецот сакаше да се прослави со „паненка“ но на крајот се избрука за сите пари.

Тој не само што не успеа да го измами Менди, толку лошо шутна што голманот на „сините“ имаше време лесно да одбрани со една рака. За тоа колку беше лош обидот говори реакцијата на Пеп Гвардиола, кој не можеше да поверува што направи Кун Агуеро.