24фудбал

Официјално: Нејмар го продолжи договорот со ПСЖ до 2025, Бразилецот прифатил помала плата но со огромен бонус за ЛШ

ПСЖ попладнево соопшти дека Нејмар ставил потпис на нов договор до јуни 2025 година, медиумите пренесуваат дека Бразилецот прифатил помала плата но ќе добие огромен бонус за триумф во Лигата на шампиони.

Франција

Весникот Л’екип денеска најави дека Нејмар останува во Париз, а веста официјално беше потврдена попладнево.

ПСЖ објави дека напаѓачот ставил потпис на нов договор и се обврзал кон „светците“ до 2025 година.

Според пишувањата на медиумите, Нејмар прифатил помала плата, односно 30 милиони евра по сезона (со сегашниот договор заработува 36 милиони евра по сезона) но ќе добие огромен бонус за триумф во Лигата на шампиони.

„Задоволен сум што ќе ја продолжам авантурата во ПСЖ. Многу сум среќен во Париз, горд сум што сум дел од овој состав, што работам со овие играчи. Имаме одличен тренер па уште повеќе верувам во проектот. Забележав напредок и како личност и како играч, па среќен сум што го продолжив договорот и се надевам дека ќе освојам уште мноту трофеи“ – беа првите зборови на Нејмар.