24фудбал

Фудбалерите одбиле кратење на платите, Конте, Марота и Аусилио на излезна врата, завршува проектот на Интер?!

Според пишувањата на Кориере дело Спорт, фудбалерите на Интер го одбиле предлогот на Стивен Жанг за кратење на платите, нема да го опростат ниту бонусот за освоеното Скудето па пред „нероаѕурите“ е период на неизвесност.

Италија

Проектот на Интер кој почна пред две години со Антонио Конте на клупата и кој го донесе Скудетото по 11 години пауза, може да заврши.

Како што пренесува Кориере дело Спорт, фудбалерите на Интер го одбиле предлогот на Стивен Жанг да помогнат во овој тежок период и со кратење на платите да придонесат за намалување на трошоците. Претседателот предложил играчите и персоналот сега да се откажат од една или две месечни плати и овие пари да ги добијат во следните две години.

Но фудбалерите не сакаат да се откажат од ништо, не само што одбиле кратење на платите, нема да го опростат ниту бонусот кој им следи за освоеното Скудето.

Весникот додава дека финансиската криза може да го натера Антонио Конте да замине, и не само тој, туку и генералниот извршен директор Бепе Марота и спортскиот директор Пјеро Аусилио.

Би можел да биде жртвуван и Ромелу Лукаку доколку пристигне понуда од преку 120 милиони евра.

Доколку се реализира ово црно сценарио, тоа ќе значи крај на проектот на Интер, и почеток на нов.