24фудбал

Чурлинов асистираше за победа на Штутгарт (ВИДЕО)

Македонецот се покажа како вистински џокер од клупата на домаќинот откако му беа потребни само десет минути на теренот за да покаже што знае и умее.

Македонија

Штутгарт славеше победа од 2-1 на свој терен против Аугзбург во првиот меч од редовното 32 коло во германската Бундеслига, а домаќинот уште на паузата имаше минимална предност.

Тоа што нам не радува е фактот што нашиот интернационалец, 20 годишниот Дарко Чурлинов се покажа како вистински џокер од клупата на Штутгарт, во игра на мечот влезе во 64 минута, за десет минути потоа да запише асистенција во голот за победа кој го постигна Калајџиќ.


Ова беше 12 настап за Чурлинов сезонава во дресот на Штутгарт, а воедно и прва асистенција како одреден статистички учинок на теренот. Што се однесува пак до Штутгарт, со 42 бода се наоѓа на деветото место на три кола до крајот на актуелната сезона во Бундеслигата.