24фудбал

Лил го победи и Ленс и дојде на два чекори до шампионската титула во Франција! (ВИДЕО)

Лил е на прагот да стане сензационален шампион на Франција, по денешниот триумф над Ленс од 3-0 им остануваат уште два меча за да го направат тоа.

Франција

Ленс важеше за тежок ривал, но Лил успеа да победи со убедливи 3-0 и да прокнижи три многу важни бодови во борбата за титулата.

Бурак Јилмаз беше херојот на Лил и на овој натпревар. Турчинот донесе водство во четвртата минута од пенал, а во 40. постигна прекрасен гол за 2-0. Конечните 3-0 ги постави Давид во 60. минута.

Треба да се напомене дека Ленс од 35. минута играше со фудбалер помалку откако Мишелин заработи два жолти картони.

Лил до крајот го пречекува Сент Етјен и му гостува на Анже, ако ги победи и тие два меча ќе стане шампион на Франција.

ПСЖ има минус четири бода од Лил, но и натпревар помалку, тимот на Покетино мора да чека кикс лидерот за да ја одбрани титулата.