24фудбал

Шилегов: Не можам да го преземам Вардар со долг од 3,5 милиони евра

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вели дека се уште има заинтересирани купувачи за Вардар, но најпрво треба да се врати долгот од 3,5 милиони евра.

Македонија

Сергеј Самсоненко со долг од 3,5 милиони евра го остави Вардар и засега нема знаци дека ќе го врати она што го должи.

Во меѓувреме клубот влезе во сериозна финансиска криза, речисите сите квалитетни играчи си заминаа, па Вардар во следната сезона ќе игра во Втората фудбалска лига.

Во меѓувреме се бара решение за спас на Вардар, но градоначалникот Шилегов вели дека градот не може да преземе приватен фудбалски клуб со толку голем долг.

„Вардар е приватен клуб. Некој одлучил да го продаде, а не нашол механизам како да се покријат трошоците. Јас не можам да го земам клубот со долг од 3,5 милиони евра“, изјави Шилегов за „Сител“.

Пред извесно време се појавија информација дека Катарци се заинтересирани за Вардар. Шилегов вели дека нивниот интерес се уште е актуелен.

„Инвестицијата од Катар не е затворено прашање. Но, за да се заокружи и тој процес треба да добиеме гаранција за враќање на средствата од актуелното раководство“.