24фудбал

Манчестер јунајтед и Виљареал ќе играат во финалето на ЛЕ, Емери му се одмазди на Арсенал (ВИДЕО)

Рома со 3-2 го победи Манчестер јунајтед, но англискиот тим се радува на пласман во финалето, таму ќе игра со Виљареал кој ја сочува мрежата на Емирати, мечот против Арсенал заврши 0-0.

Лига Европа

Рома и Манчестер јунајтед одиграа уште еден суперефикасен натпревар, овој пат победи волчицата, но тој триумф не беше доволен за да се анулира високата негатива од првиот натпревар.

Манчестер јунајтед дојде во водство со гол на Кавани на пет минут пред крајот на првото полувреме, со водство на англискиот тим се замина на полувремето.

Но, Рома со голови на Џеко и Кристанте го сврте натпреварот и поведе со 2-1.

Во 68. минута Кавани постигна нов гол, изедначи на 2-2, на седум минути до крајот на мечот Залевски погоди за победа на Рома од 3-2.

Унаи Емери кој лани доби отказ од Арсенал, овој пат со Виљареал токму преку неговиот поранешен клуб стигна до финалето од Лига Европа.

Обамејанг двапати ја погоди стативата од голот на Виљареал, но и гостите имаа свои можности.

Ова е историски успех за Виљареал, за првпат ќе играат големо европско финале.