24фудбал

Фернандеш нагласува дека освојување на ЛЕ не би било доволно за клуб како Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед е со една нога во финалето од Лига Европа по високиот триумф од 6-2 во првиот меч на домашен терен против Рома, а вечерва на реваншот, составот на Оле Гунар Солшер има шанса да го потврди пласманот во финалето.

Лига Европа

Првата ѕвезда на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш смета дека евентуално освојување на Лига Европа сезонава нема да биде доволно за еден клуб со такви стандарди, меѓутоа од психолошки аспект, тоа во голема мера би било еден напредок за самиот клуб.

За нас, би било психолошки напредок доколку ја освоиме Лига Европа, бидејќи ланската сезона не успеавме да освоиме ништо, доколку освоиме трофеј би било напредок“ изјави моторот на Манчестер јунајтед.

Меѓутоа, дури и да ја освоиме Лига Европа тоа не би било доволно за нас, меѓутоа би било нешто за самиот клуб, како еден вид порака од фудбалерите кои со тоа би одговориле дека можат и повеќе, како и да е, постојат работи кои и натаму треба да се подобруваат, како што сум изјавил и претходно“ додаде Португалецот.

Искрено, според мене, кога настапувате за клуб со вакви стандарди, вие морате да целите високо, најважното за нас е начинот на кој победуваме, нешто што ни влева самодоверба дека сме близу до освојување на трофеј“ заклучи Фернандеш.