24фудбал

За една година на Санчо му падна цената за повеќе од 40 милиони евра

Според германските медиуми, Борусија Дортмунд е подготвена да го продаде Џејдон Санчо за сума од околу 80 милиони евра.

Германија

Минатото лето Борусија Дортмунд не сакаше да слушне за продажба на Санчо, Манчестер јунајтед понуди и 120 милиони евра но Германците одбија.


Оваа сезона Санчо е далеку од формата која ја прикажуваше претходно, заинтересираноста за неговите услуги опадна, а со тоа и неговата цена на пазарот.

Пред неколку дена директорот на Дортмунд, Михаел Зорц откри дека имаат џентлменски договор со Санчо да го продадат ова лето ако тој сака да си оди.

„Веќе имаме џентлменски договор со Џејдон од минатата година, дека може да си замине под одредени услови“, рече Зорц.

Се верува дека тие одредени услови се 80 милиони евра. А тоа значи дека ако Борусија Дортмунд го продадеше идното лето ќе имаше 40 милиони евра плус на сметката. 

Санчо оваа сезона не даде доволен допринос за некои посебни резултати на тимот, па може да се заклучи дека Германците погрешија што не го продадоа лани.