24фудбал

Англиско финале во ЛШ, Челси го надигра и го победи Реал Мадрид (ВИДЕО)

Челси со 2-0 го победи Реал Мадрид и со вкупни 3-1 се пласираше во фналето од Лигата на шампионите, тимот на Томас Тухел доминираше на Стемфорд Бриџ и можеше да слави и многу поубедлива победа.

Лига на Шампиони

Челси против Манчестер Сити ќе игра во финалето од Лигата на шампионите, ново англиско финале во најсилното клупско натпреварување.

По ремито во Мадрид, Реал се надеваше дека можеби ќе победи во Лондон, но не само што не се случи тоа, туку кралскиот клуб не беше ни блиску до триумф.

Челси ја имаше апсолутната доминација, создаде многу шанси за гол, а искористи две.

Резултатот беше отворен во 28. минута кога Вернер искористи една одбиена топка и лесно со глава ја смести во празната мрежа за водство на Челси од 1-0.

Следуваа повеќе зицери на Челси, имаа и статива и неколку можности еден на еден.

Се беше отворено до 85. минута кога по асистенција од Пулишиќ, Маунт ги постави конечните 2-0 и ги реши сите дилеми околу победникот.

Челси заслужено се радува на финале во Лигата на шампионите кое е второ по ред за Томас Тухел.