24фудбал

ПСЖ има решение доколку Мбапе си замине

Килијан Мбапе има само уште една година од својот активен договор со францускиот првак ПСЖ, во клубот веќе е вклучен алармот на таа тема, па се разгледуваат сите можни алтернативни решенија доколку бидат приморани ова лето да го продадат.

Франција

Првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах наводно е алтернативно решение на ПСЖ во случај францускиот првак да се раздели со Килијан Мбапе претстојниот летен преоден рок.

Мбапе е од исклучително значење за составот на Маурицио Покетино, со тоа што постигна 37 погодоци на 43 натпревари сезонава, меѓутоа влегувањето во финалната година од неговиот договор остави големи дилеми во клубот.

„Ле Паризиен“ тврди дека ПСЖ би си ја залечил раната од потенцијалното заминување на Мбапе токму со Салах, за чија иднина медиумите веќе извесен период известуваат различни стории.

Вреди да се додадат и тврдењата на Салах дека барем засега не постојат никакви разговори помеѓу него и Ливерпул за продолжување на соработката, односно нов договор за Егијпанецот, актуелниот му истекува во 2023 година.