24фудбал

Почетни состави: Азар од првата минута против „својот“ Челси (ФОТО)

По Манчестер Сити, вечерва ќе го дознаеме вториот финалист во овосезонската Лига на шампионите, а тоа ќе се случи по реванш пресметката помеѓу Челси и Реал Мадрид.

Лига на Шампиони

Челси и Реал Мадрид влегуваат во финалната битка за пласман во големото финале од Лигата на шампионите откако претходно нивниот меч во шпанската престолнина заврши без победник, но со резултат 1-1, односно гостински гол кој сигурно во голема мера беше добредојден за Премиерлигашот.

Како и да е, резултатот од првиот меч ништо не навестува, а ние имаме можност да се запознаеме со почетните состави на обете екипи за реваншот, па ќе проследиме дека Томас Тухел се реши за формациска поставеност од 3-4-3 каде ударното трио во нападот го сочинуваат Хаверц, Вернер и Маунт.


Што се однесува пак за изборот на Зинедин Зидан, тој се реши за формација од 4-3-3, а од првата минута ќе тргне и Еден Азар, кој токму од Челси направи трансфер во Реал Мадрид, друштво на Белгиецот во нападот ќе му прават Бензема и Винисиус.