24фудбал

„Л’Екип“ му се истури на Нејмар: Си ја покажа својата очајна страна, беше катастрофален (ФОТО)

Првата ѕвезда на францускиот првак наиде на жесток одговор од страна на „Л'Екип“ по неговото очајно издание против Премиерлигашот синоќа, со што ПСЖ доживеа елиминација во полуфиналето од Лигата на шампионите сезонава.

Лига на Шампиони

Водечкиот француски весник „ЛЕкип“ откако претходно го „подбра“ Килијан Мбапе во првиот меч против Манчестер Сити, истото го стори и за Нејмар по неговото очајно издание во дресот на ПСЖ на синоќешниот реванш меч во полуфиналето од Лигата на шампионите.

„Л’Екип“ го стави Мбапе на „магарешка клупа“ за неговите перформанси против Сити (ФОТО)

ПСЖ доживеа елиминација со вкупен резултат 1-4 во корист на Премиерлигашот, а особено индиспонирани беа Мбапе на првиот меч, како и Нејмар на реваншот синоќа, а откако првиот се најде на тапет кај „ЛЕкип“ со исклучително лоша оценка, истото го снајде и Нејмар.

Мбапе претходно доби очаен рејтинг од 3/10 за перформансите во првиот меч, а Нејмар го доби истиот рејтинг за неговото синоќешно издание, а дополнително францускиот весник го коментираше како фудбалер кој бил скршен од огромните очекувања, но и фудбалер кој бил сосема неупотреблив на реваншот.


Дали беше толку потребно да прави по шест допири на топката веднаш штом ќе ја имаше во посед? Нејмар си ја покажа својата очајна страна против Манчестер Сити, сакаше седа стори сам, центарот на светот беше во неговите очи, тој донесе и разочарување за своите соиграчи кои постојано го чекаа за проигрување, Нејмар беше катастрофален“ стоеше во објаснувањето на „ЛЕкип“ за таквиот рејтинг за Бразилецот.