24фудбал

Шпанска телевизија го „улови“ посебното барање на Зидан до своите фудбалери на последниот тренинг (ВИДЕО)

Манчестер Сити е првиот финалист сезонава во Лигата на шампионите откако синоќа го елиминираше ПСЖ, а со вечерашната реванш пресметка помеѓу Челси и Реал Мадрид ќе го дознаеме и вториот патник во големото финале.

Лига на Шампиони

Зборовите на шефот на стручниот штаб на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беа „уловени“ од страна на шпанската телевизија „Ел Чирингито“, чии микрофони ги регистрираа советите на францускиот фудбалски стратег на последниот тренинг пред реваншот со Челси.

Реал Мадрид одигра 1-1 на домашен терен во првиот меч, а Зидан имаше посебни барања од своите избраници во пресрет на реваншот, особено обрна внимание на агресивноста која ја побара од фудбалерите.

Мораме да бидеме многу агресивни, бидејќи Челси е веќе навикнат на таква игра“ им нагласи Зидан на своите избраници.

Добро запомнете го ова, чувајте ја топката, уживајте во играта со неа, бидејќи токму на таков начин сме дојдени до тука“ додаде Французинот.

Предводникот на „Кралевите“ за време на пресконференцијата во пресрет на реваншот најави битка до смрт за посакуваниот пласман во големото финале кое е предвидено да се одигра на 29 мај.