24фудбал

Тухел: Канте е фудбалер кој ви носи трофеи

Томас Тухел има големи пофалби за Нголо Канте кој имаше фантастичен натпревар во Мадрид.

Лига на Шампиони

Канте беше играч на натпреварот на првиот полуфнален натпревар. Дефанзивниот фудбалер за врска е играч за големи мечеви.

„Тој е топ фудбалер. Тој е играч кој ви е потребен за да освојувате трофеи. Затоа сме среќни што е тука во нашиот клуб“, вели Тухел.

Откако со Лестер ја освои сензационалната титула во Премиерлигата, Канте се пресели во Челси и уште еднаш триумфираше во најдобата англиска лига, го освои и ФА Купот и Лига Европа.

„Задоволство е да се егледа што прави со менталитетот на човек кој вистински сака да помогне, секогаш дава се од себе на теренот, тоа е фантастична комбинација“.

„За мене тој е пример, тој е фудбалер кој би можел да има неверојатен инпут во секој тим на светот“.