24фудбал

Зидан: Ќе се бориме до смрт на теренот, сите се подготвени за игра

Тренерот на Реал Мадрид вели дека Серхио Рамос и Еден Азар се подготвени за игра против Челси, сите фудбалери кои ќе истрчаат на Стемфорд Бриџ ќе го дадат максимумот за пласман во финале.

Лига на Шампиони

Вечерва во Лондон се игра реваншот од полуфиналето во ЛШ меѓу Челси и Реал Мадрид, првиот меч заврши 1-1.

„Не би ризикувал со Рамос, самото тоа што е со нас значи дека е подготвен да игра, тоа е тоа. Нема да ви кажам дали ќе игра тој или некој друг фудбалаер. Тој е тука со нас, значи е добар, многу е важно што го имаме нашиот лидер со нас, нашиот капитен. Како што кажав и претходно, сите играчи кои се тука се нас се подготвени за игра. Сите“, вели Зидан.

„Ние сме во полуфиналето од Лигата на шампионите, сите сме подготвени за борба до смрт на теренот. Сите играчи се спремни за игра, а мое е да одлучам кои ќе играат. Не се секирајте, сите се спремни“.

„Подготвен е и Азар, добро е што го имаме и него. Знаеме за колку добар фудбалер се работи, секако дека ќе му помогне на тимот. Знаеме со каков квалитет располага, ќе го покаже тоа на теренот“.