24фудбал

Марота не ги заборавил зборовите на Мауро: Продажбата на Икарди беше непопуларен потег но на крајот се исплатеше!

Генералниот извршен директор на Интер, Бепе Марота вели дека трансферот на Мауро Икарди во редовите на ПСЖ бил непопуларен потег но неопходен и на крајот зделката се исплатела.

Италија

Во 2019 година Интер започна нов проект со Антонио Конте на кормилото. За првата ѕвезда Мауро Икарди немаше место во тимот, тој беше испратен на позајмица во ПСЖ (минатото лето „светците“ во целост го купија за 50 милиони евра) а Ромелу Лукаку беше донесен како засилување во нападот.

Кога Аргентинецот замина од Милано, упати провокација и рече: „Дојде времето да одам во победнички клуб, клуб кој може да се бори и освојува титули. Време е да почнам да победувам. Го исполнив сонот да играм во Лигата на шампиони со Интер, но никогаш не освоивме титула“.

Генералниот извршен директор на Интер, Бепе Марота очигледно не ги заборавил овие зборови, па откако „нероаѕурите“ ставија крај на доминацијата на Јувентус и го освоија Скудетото, проговори за зделката од пред две години.

„Продажбата на Мауро Икарди беше комплицирана но неопходна. Фудбалерот ни донесе многу проблеми во соблекувалната. Можеби потегот беше непопулрен, но исто така беше неопходен... сепак на крајот се исплатеше“ – вели Бепе Марота.