24фудбал

Владата ќе го промовира и помага настапот на Македонија на Европското првенство

На синоќешната седница, македонската Влада одлучи да формира координативно тело кое ќе има за цел да ја помогне организацијата, промоцијата и комуникацијата на фудбалската репрезентација на Европското првенство.

Македонија

Македонија за првпат во историјата ќе настапи на еден голем фудбалски турнир. Настапот на Европското првенство е толку голем што и нашата Влада реши да се вклучи и да помогне на репрезентацијата.

„На оваа седница Владата донесе одлука за формирање Координативно тело за поддршка на фудбалската репрезентација на Европското првенство во фудбал 2020, одложено од минатата година, а кое ќе се одржи годинава. Координативното тело има за цел да ја помогне организацијата, комуникацијата и промоцијата на настапот на фудбалската репрезентација на Северна Македонија на ова европско натпреварување“, стои во соопштението на Владата.

Европското првенство почнува на 11 јуни, трае до 11 јули. Македонија својот деби настап ќе го има на 13 јуни против Австрија во Букурешт.