24фудбал

Ќе се оствари ли ветувањето на Агуеро од 2014 година? (ФОТО)

По синоќешниот историски пласман на Манчестер Сити во финалето од Лигата на шампионите, англиските медиуми извадија една стара изјава на Кун Агуеро.

Лига на Шампиони

Агуеро ги игра последните натпревари за Манчестер Сити, по крајот на оваа сезона заминува од англискиот клуб.

Тој во 2014 година изјави: „Ќе останам во Манчестер Сити се додека не ја освоиме Лигата на шампионите“.

Фали уште еден натпревар за тоа да му се оствари, тој меч практично ќе биде и последниот негов во дресот на Манчестер Сити.