24фудбал

Луди сцени од соблекувалната на Манчестер Сити, пласманот во финалето им значи многу (ВИДЕО)

Манчестер Сити за првпат во историјата ќе игра во финалето од Лигата на шампионите, а за тоа колку им значи овој успех показател се и случувањата во соблекувалната.

Лига на Шампиони

Тимот на Пеп Гвардиола одигра перфектен меч против ПСЖ, сите играчи беа максимално фокусирани на своите задачи и на крајот заслужено стигнаа до финалето.

По мечот во соблекувалната се славеше како да се освоил трофејот. Ова само покажува колку ќе бидат мотивирани фудбалерите на Сити во финалето.