24фудбал

Фудбалери на Вулверхемптон имаат пост-ковид ефекти, Боли со покачен ритам на срцето

Шефот на стручниот штаб на англискиот премиерлигаш откри дека некои од фудбалерите кои се заразија со ковид-19, почувствувале одредени ефекти од заразата откако излегле од изолација.

Англија

Дефанзивецот на Вулверхемптон, Вили Боли ќе мора да биде подложен на дополнителни тестирања откако беше утврден забрзан ритам на неговото срце, поради што беше поштеден за гостувањето кај ВБА.

Вулверхемптон славеше со 1-2, а Боли беше поштеден поради оправдани причини, а дефанзивецот се пожалил дека брзо чувствувал замор по било каква физичка активност, поради што не беше ниту во можност да тренира претходната седмица.

Тоа е нешто што Премиерлигата и медицинскиот персонал во самите клубови ќе треба да го разгледаат, фудбалерите можеби не покажуваат симптоми, но јас мислам дека тие чувствуваат одредени ефекти по заразата“ изјави Нуно Еспирито Санто, шефот на стручниот штаб на тимот од „Молењу“.

Ние веруваме дека откако фудбалер ќе се зарази со вирусот, десетте денови потоа не се проблем, проблемот е тоа што следи по заразата“ додаде тој.

Од сите тестирања, анализи и прегледи што досега ги реализиравме над фудбалерите, тоа што постојано се соочуваме е на моменти целосно отсуство на енергија“ заклучи португалскиот фудбалски стратег.

На Островот наведуваат дека Боли ќе биде поштеден од клупските обврски и ќе биде подложен на одмор во својот дом, засега останува непознато дали дефанзивецот ќе игра до крајот на актуелната сезона во Премиерлигата.